Водено перење

Погледнете го нашиот видео клип најдоле.

Зошто има сериозна потреба од квалитетни теписи во вашиот дом?

Денес  живееме  во време кога исклучиво тврдоглаво ги практикуваме само нашите лични искуства.Најлесно 

за одржување во нашиот дом е доколку е само паркет ,ламинат или керамички плочки.Сме имале килими но сме ги извадиле. Да ,со џогер се пребришуваат сите површини и домот е чист за час. Си ја олеснивме работата само со  одстранување на теписите.Мислите дека сте ја олесниле работата? Не вие сте тргнале едно гајле  народски речено но друго гајле сте добиле за кое несте ни свесни. Поставувањето на теписи во просториите не е од ново време  па сега се докажало како непотребно па сега и ние  ќе ги одстраниме за да го олесниме нашиот живот .ПОГРЕШНО !!!!!           Од древни времиња се  поставувале волнени черги и килими и трговијата со  истите  низ вековите  била високо ценета  па дури  во приказните -бајките постоеле -летечки килими- Аладин со волшебната ламба.Замислете дека до пред само 100 години масовната светска популација немала паркет,керамички плочки и слично дури и живееле на земјена подлога но сепак знаеле да газат  на волнени черги и килими.  Денес ги имаме сите удобности но сепак килимите ги избегнуваме. Денес Дури и да има телевизори кои нема да насобираат прав само да не се губи време за чистење на истите.

Замислете го следново  и ќе ви биде јасно за потребата на квалитетните килими.

Најфината нечистотија која по неколку денови  ќе ја видите  на подот  во  вид  на домашна прашина  ја пребришувате од подот  со најквалитетното средство за дезинфекција кое  трае до 48часа но само и само на пребришаната површина.  И веке во истиот  ден и за време  на чистењето на подот  од надвор  се  внесуваат низ воздухот ситни честички кои вие не ги ни приметувате,некои  се за голо око и неприметливи  но кога се  во огромен број  најпрво  каде ќе ги приметите? НА вашиот телевизор нормално.И вие на тоа давате одговор дека таа појава е сосема нормална  затоа што ја предизвикува статичкиот електрицитет од екранот на телевизорот.Во оној момент  кога ќе приметите  на вашиот телевизор  насобран прав  сигурно имате толку  или два пати повеќе   на подот од просторијата. Само со намерата да излезете од просторијата да го земете средството за чистење  со  чекорењето вие ке  кренете дел  од нечистотијата од подот  но не и од телевизорот каде што има електрицитет.Со други зборови вие ја дишите вашата домашна микро  прашина. За да не се крева истата од подот вие ќе треба да го електризирате  подот  и тогаш како и кај телевизорот микро  прашината ,,ќе ве Чека  за да ја одстраните  на истото место,, 

Како пак сега да направиме статички  електрицитет  на подот?  Нормално нема  потреба да го редите со телевизори туку со древната метода ПОСТАВУВАЊЕ НА  КВАЛИТЕТЕН КИЛИМ.

Гравитациски  секоја честичка се стреми да падне на подот  а вие на екранот од телевизорот  имате насобрано  прав ,чија положба е вертикална  Сега замислете  колку нечистотија би имало истиот да е на подот во хоризонтална положба.  Со секојдневните активности среќаваме се и сешто.Доаѓаме во допир со вируси директно или индиректно.Свесно или несвесно ги носиме во нашите домови.Предпоставка дека на вашата  облека имате кивавица од заболен и тоа  на фрагмент од перут  кој со соблекување на вашата гардероба дома  истиот почнува да лебди во воздухот кој вие го дишите  И немате килими на подот со  што вирусот вие или  некој од вашето семејство ке го вдише со што на грб ви доаѓаат неколку гајлиња  но вие  сега повторно всисувањето еднаш неделно на теписи не би го правеле – полесно е да се дава терапија  7-14дена на некого од вашето семејство.

Како ќе ви помогне килимот?

Статичкиот електрицитет од килимот се создава со самото газење на истиот.Триење на влакно со влакно на што порано многу битна беше   чворажата  на тепихот  200.000 и над 200.000 чворови највалитетни  ,100.000среден квалитет,40,000 обични теписи.Поголемиот број  на влакна во 1м2 го прави статичкиот електрицитет поголем со Што со иста  газишна површина  добивате поголема привлечна моќ на честичките од воздухот. Колку поголемо движење на истиот  толку подобро за вашите деца  затоа што тие се со дишните органи поблиску до подот.Во просторија каде што нема килим доколку има трчање од две или повеќе дечиња од подот  ќе се крене целиот прав кој сите  во просторијата  ќе го дишат  но доколку има трчање по килим ,тој со секој чекор повеќе и повеќе ќе ја зголемува привлечната моќ на најситните честички  со што се намалува можноста од заболувања. И сега ќе го поставите следново прашање:

Kako да се ослободиме од овие микро честички кога постојано има електрицитет  на килимот?

Во древни времиња се изнесувале редовно килимите надвор и истите со употреба  на физичка сила се треселе и повторно се поставувале  но денес благодарение на техниката истите се всмукуваат со што се троши помалку  труд и физичка енергија. Усисната моќ на правосмукалките до пред 20 год била  мах.500w. за денес нивната  моќ да достигнува до2000w. Постојаниот електрицитет  на килимот  е илјадници пати послаб од усисната моќ на правосмукалката  која ќе ја преземе без никаков  проблем нечистотијата од истиот. Но со движењето напред- назад по истиот со папучата од правосмукалката дополнително го електризирате со што честичите кои сте ги кренале од активноста   ке се насочат кон истиот а не кон останатите непокриени површини.

Перењето на истите е задолжително 1-2 пати годишно од проста причина што само со воденото перење статичкиот електрицитет се нулира и тогаш и само тогаш се одстранува во целост  и најситната нечистотија која е заробена во основата на тепихот.

Можете и сами да го направите  перењето кое бара само труд,посветеност и упорност во одстранувањето  на нечистотијата.

Можете и  нас да не ангажирате со што ве уверуваме дека  сигурно  ќе бидете задоволни од услугата што  ја нудиме.

  • 21588c14b572429c93343ca661aa578e

a414545139fc49c08f95efbde48e0795cebc26fec0804ac29380b3b30e7766682e668929281046d2a37bbce7343a0feaccf92a12bc8b41b0b211fbeb2f63b96dfa40036c8bb143d79c62adad38e9474b617a9a0a8f47456ab80d7b7524d128ac6d1a9adb83444a97a6227cfce95a13b0

Опис на процесот:

1.превземање на вашите теписи со детекција на  оштетувања. При ова се врши првична детекција каде што се утврдува растеченост на бои, изветвеност и искинатост на реси како и  физички оштетувања  од молци и глодари.

2.Нумеризација

Секое парче преземено од вашиот дом се бележи во реверсниот документ кој е составен од три  копии од кои една е за корисникот  на услугата а другите две се за сервисот Инфлоор.Ова всушност представува најодговорниот дел од процесот за сервисот  зошто нечии скапи теписи може да  завршат во  друг дом .

 

 

 

 

3.Гравитациско тресење

По преземањето и транспортот  во нашиот сервис се врши темелна детекција на вашиот тепих по што истиот се поставува свртен на опачина врз метална решетка  при што со помош на машина тресалка истиот се тресе со цел да се ослободи од  физичката нечистотија. Тресалката  на своето вратило има поставено 40 кожни каиши  кои со 3000вртежи/минута за 5 миути колку што трае процесот на тресење  го удираат неверојатни600 000 пати со што вашиот тепих е  целосно ослободен од најситната прашина  која не можат да ја извадат  и најмоќните усисивачи.

4.Базенско перење

По процесот на тресење тепихот оди во базен   каде ќе се врши процесот на перењето. При перењето се користи антибактериско средство кое има за цел да ги заштити пред се нашите оперативци од бактерии а секако да не се пренесат  бактерии  низ водата  во базенот од  едно домаќинство кај друго.Со други зборови се што ке биде  внесено во базенот со сигурност ќе биде дезинфицирано. Процесот на перење се врши рачно машински  каде  што оперативецот  може да посвети  онолку време колку што е потребно  на критични позиции каде што има флеки , за разлика од машинското  принтер систем каде што тепихот се движи со константна брзина  и четките го поминуваат  секаде исто и истиот излегува од другата страна   за кратко време  со недоиспрани критични позиции.

5.По базенското перење теписите се ставаат во центрифуга на 1400 вртежи во мин.со што по 10мин.од истите е одстранета  95% од влагата и целокупната нечистотија која во првите 6 минути се плакне со дотур на свежа чиста вода во  центрифугата додека во останатите 4 минути се врши цедење на водата .

6.По процесот на центрифугирање теписите се носат во сушара  каде по природен пат  малиот процент влага  се остава да го снема.Сушарата е со константен провев со комплетна изолираност од сончеви влијанија со што нема можност за промена на бои.

7.По сушењето теписите се третираат со длабинско тресење со Rainbow машина со цел да се одстранат ситни влакненца како и да се крене влакното од сушењето.

погледнете го  нашиот клип  во кој илустративно е претставен целиот процес