Хемиско чистење

 

 

Dry – Carpet Cleaner

Што представува Dry Carpet Cleaner ?

-Dry Carpet Cleaner –Представува нов систем за хемиско чистење односно суво перење на подни текстилни облоги од сите видови  и квалитети  како на пр:Heuga,теписон,синтелон,етисон,персијанери,волнени и свилени килими  и останато.

Од што е составен?

_- Dry Carpet Cleaner  е составен  од повеќе средства  и поради тоа е именуван како систем за хемиско чистење кој овозможува одстранување на сите видови на нечистотија која се наоѓа во текстилната подна облога.

Составот на сите средства  кои го сочинуваат  овој систем  е од природни супстанци со органско потекло и имаат Рh неутрален  фактор, не содржат фосфати а со сето тоа немаат штетно влијание по човекот  ни по околина

 На какви подлоги се употребува  овој систем?

-Овој систем буквално се употребува на на сите видови  текстилна подна  облога токму поради  неговиот состав  како што е претходно кажано кој не содржи  фосфати и има Ph неутрален фактор со што благопријатно дејствува на  боите на облогата.

Кои се предностите  на овој систем  за перење  во однос на другите  методи  на перење?

–         Постојат повеќе  предности  по кои  овој  систем  е неколку чекори во однос на другите  методи на перење.

1.Една  од предностите  на овој систем  е во тоа што успешно и  лесно ги одстранува  дамките од:

-Боја за чевли                              -Црвени јагоди

– Koka_- Kola                                – Црвено вино

– Чаj                                                 – Maсти

– Чад                                                – Maсла

– Дрвена смола                               – Бои

– Maстило                                        – Jajцe

– Kaфе и kakаo                                – Meд

– Koњак                                           – Mokрача

– Kрв                                                – Пиво

-Лак за нокти                               – Сокови од овоштија

– Ликер                                           – Креми за раце и лице

– Лепила                                         – ‘Рѓа

– Повраќано                                   – Tрева

– Путер                                            – Масло за јадење

– Срнф                                             – Сокови од зеленчук

– Joгурт                                            – Восок

– Kрв                                               -Гуми за џвакање

По чистењето со овој систем дамките исчезнуваат,а облогата  ја добива орегиналната боја.

2. Drу Carpet Cleaner системот овозможува чистење на  на помали  површини,а со тоа што не остануваат  водени рабови .(тоа во случај кога се интервенира само на настанатата дамка ,а не на целата површина на облогата)

3. Под текстилната облога не остануваат воздушни меури .Тие се создаваат во случај кога има голема површина  со текстилна облога  која се перње со класични  методи кои користат вода и средства за шампонирање.По сушењето кое е обично неколку денови текстилот од влагата се шири  при што самиот се набира ,а со тоа се формираат воздушни меури и облогата има брановидна форма.

4. Поради тоа што влажноста на облогата  при нашето чистење е минимална (до 2%на површината) без никакви последици се врши чистење на облоги под кои има ел.инсталации.

5. Поради тоа што  перењето е суво облогите кои се залепени успешно се  чистат,а при тоа  не доаѓа до нивно одлепување (тоа не е случај  кај класичните методи  на перење со шампонирање.кои поради огромниот процент на влага  во основата  лесно  ги одлепуваат текстилните облоги од подлогата)

6.Поради Ph неутралниот фактор на средствата од нашиот систем  не се уништува  како самиот текстил така  и неговите бои.

7. Најголемата предност на овој систем пред другите  е во тоа што веднаш по перењето  третираниот простор  може да ја врши својата функција . Идеално за : Кино сали,касино сали,хотелски простории,ресторани,канцеларии,детски градинки, конгресни сали и сл. Всушност секаде каде што времето  е пари ,а чекањето за сушење од неколку денови  со класичните методи е губење на клиенти и средства од истите.

Средствата кои се користат  во овој систем  покрај тоа што беспрекопрно чистат  истите создаваат микро филм на влакната на ткаенината со што  се заштитуваат боите а воедно  вршат бактериолошка заштита ,а сето тоа придонесува за продолжување  на времето  до следното перење,а со тоа се продолжува векот на траење  на текстилот.

Периодот  на перење со овој систем  се продолжува  за половина од периодот со класичните методи на перење.

По чистењето облогата е сува со орегинална боја ,мека и има пријатен дискретен мирис.

 

Ексклузивен импортер за Р.Македонија

INFLOOR DOOEL