Сервис

 

Специјализираниот сервис ИНФЛООР постои повеке од 1 деценија и тоа  на почетокот во 2000год. беше под името Баџо  за да потоа влезе на пазарот под името ИНФЛООР. Со стартот  сервисот се занимаваше исклучиво со генерално чистење на објекти  за по тоа да стане генерален застапник за Македонија на најквалитетните средства за професионална употреба од Брендот Carpet Cleaner. Со време  примарна дејност на сервисот стана Хемиското чистење на подни текстилни облоги. Земајќи го во предвид беспрекорниот квалитет  на средствата  како и неприкосновените зрели работни навики на тимот веднаш во првата година од работењето триесетина  големи објекти го добија она што недостасуваше на нашиот пазар. Комбинацијата од Високостручен обучен кадар со најквалитетните средства  пред себе  беше веднаш препозната од сите објекти ширум Македонија и со тоа успехот беше неминовен.Во првите 3 години сите големи објекти ширум Македонија  ја добиваа нашата беспрекорна примарна услуга,но во истите  постоеше потреба и за чистење на мебел штоф.Од тука тимот посетуваше обука за специјалноста –мебел штоф по што истата стана  секундарна дејност.Со годините  секундарната дејност  на сервисот Инфлоор се надградуваше па се навлезе во сверата  на хемиското чистење на возила. Па така од пред 6 години до денес сервисот ИНФЛООР стана овластен сервис на 8 еминентни  брендови на возила и услугата ја дава во сервисната мрежа на истите.За сите останати  брендови  на возила го отвори сопствениот сервис за  хемиско чистење  на чија адреса е и седиштето на ИНФЛООР.Терцијарната дејност со која се занимава инфлоор е трговијата. Од  производите : најквалитетните теписони Инфлоор чие име го носи и сервисот  се можеби единствените во светот  со беспрекорен квалитет кои за  површина од 100м2 ги добивате  со ваш  личен дезен. Сервисот инфлоор е дистрибутер на три сегмента од програмата на 3М USA како и сертифициран монтажер на истите.