Третман на теписи
Постојат две методи на третирање на подните облоги и тоа
-класично перење со шампонирање
-хемиско чистење
Класичното перење со шампонирање е метода која наоѓа примена за теписи од домаќинства како и за крзнени производи. Сервисот ја нуди комплетната услуга од и до дома. Потребно е само да го покажете тепихот и истиот ќе биде замотан и однесен од нашиот персонал,потребно е токму така да направите за да се воочат било какви оштетувања пред процесот на перењето.Доколку ги има ќе бидат евидентирани во реверсната листа која ја добивате пред нашето заминување.Истата имате обврска да ја чувате и вратите со приемот на вашите исчистени теписи.
Хемиското чистење на теписи е метода со која вашите теписи добиваат ист третман како оделата или капутите од вашата гардероба.Па така истите ни ги покажувате отворени на лице место да се евидентираат евентуални оштетувања. Истите ги добивате назад во рок од 24часа. Со оваа метода се гарантира 100% неразлевање на боите. Еколошки здраво – веднаш суво.
Кај двете методи се користат сертифицирани висококвалитетни средства за професионална употреба со кој се гарантира по здравјето на човекот и животните во вашиот дом.
И кај двете методи резултатот по перењето е ист – беспрекорно чисти облоги